Младите од Општинската организација на Црвениот крст, денеска ќе танцуваат на градскиот плоштад „ Св. Климент Охридски“, во рамки на неделата на Промоција на хумани вредности.
За таа цел, подготвена е кореографија на песната „Happy“ од Фарел Вилијамс од страна на професионален танчер, која веќе неколку недели се подготвува во општинските организации на Црвенит крст.
Преку танцувањето, младите ќе испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето кои се најдобрите гаранции за мир и соживот.
Настанот во целата држава ќе се оддржи денеска со почеток во 12 часот на плоштадите во секој град каде има канцеларија на Црвен крст.
OhridNews
.