Во пресрет на 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, членовите на охридската Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ традиционално изврши чистење и уредување на спомен обележјата и вечното почивалиште на паднатите борци во месноста Бејбунар.

–    Со тоа Унијата на млади сили даде свој симболичен допринес со цел што подостојно давање почит на паднатите борца за слободата на Македонија, велат од унијата.

Празнувањето на 11 Октомври ќе биде заокружено со забава во кафе бар Кадмо.

OhridNews