Во рамки на денешната акција за обновување и санирање на споменици, која се одржа на целата територија на Македонија, Унијата на млади сили на ВМРО-  ДПМНЕ Охрид, заедно со претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ , Атанаско Михаилов и потпретседателот, Дејан Пановски, го посетија вечното почивалиште на македонскиот преродбеник Григор Прличев.

Во рамки на акцијата беше положено цвеќе, беше исчистен просторот околу црквата „Света Богородица Перивлепта“ и се постави корпа за отпадоци.

Од Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ нагласуваат дека и во иднина ќе организираат вакви акции во насока на зачувување на културното и историското наследство на Република Македонија.

OhridNews