Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ – Охрид денеска организира акција за чистење на плакатите и останатиот рекламен материјал од ВМРО-ДПМНЕ поставени во градот.
Акцијата ќе започне на просторот одреден за бесплатно плакатирање пред хотел Палас на Кеј Маршал Тито, а ќе бидат опфатени и местата за плакатирање на територијата на целиот град.
Во рамките на акцијата ќе биде отстранет целокупниот рекламен материјал, како што вети ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања, соопштија од партијата.












