Членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денеска, ќе делат брошури за стажирање на младите во институции во земјите од Европската Унија.

Целта е подобрување на позицијата на младиот граѓанин на македонскиот пазар на труд, а со тоа и трасирање на својот пат кон успехот, информираат од УМС на ВМРО ДПМНЕ.

Пунктот на младите од ВМРО ДПМНЕ ќе биде поставен на плоштадот кај стариот Чинар.

OhridNews