Учениците од Основното музичко училиште „Методи Патче“ вчеравечер во Центарот за култура ,,Григор Прличев” го одржаа традиционалниот Новогодишен концерт.

На концертот беа отсвирени музички дела на пијано, виолина, кларинет, гитара и флејта, а програмата беше надополнета со настап на училишниот хор и оркестар кои, исполнија новогодишни и божиќни песни.

Публиката беше воодушевена од прекрасните изведби на младите музичари, кои секоја година освојуваат голем број награди и признанија на регионалните и државните натревари.

OhridNews
Фото: Варе