Од општинскиот Црвен крст изразуваат големо задоволство од одзивот и посетеноста на настанот, на кој биле продадени над 260 влезници. Собраните пари се наменети за малите проекти во рамки на програмата за промоција на хуманитарните вредности кај младите.
На забавата настапија млади музички таленти од Охрид кои изведуваа композиции од Тоше Проески.
Општинскиот Црвен крст секоја година го одбележува роденденот на големиот хуманист Тоше Проески, со организирање на хуманитарна забава.