Зачувување на традиционалното и воведување на нови иновативни моменти преку изработка на електронска брошура, е целата на третата работилница од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето“, која ќе се одржи утре во општина Охрид, со почеток во 11 часот.

Во рамки на овој проект  до сега беа одржани две работилници на кои учествуваа млади на возраст од 18 до 35 години. Првата работилница беше наменета за дизајнирање и изработка на филиграни и бисери, а втората работилница беше посветена на подготвување и пакување на традиционална храна.

OhridNews