Зачувување на традиционалното и воведување нови иновативни моменти преку изработка на електронска брошура, беше целта на третата работилница од проектот „Младите како носители на културата, традицијата и знаењето“ која се одржа денеска во општина Охрид.

-Социо-културниот аспект, силните релации, влијанието на модерното време врз ентузијазмот, љубовта кон традицијата но и љубовта кон технологијата се насоките кои создаваат иновативни моменти, нови методи ,техники  но и современи модели во делот на афирмацијата и промовирање на нашето културно и природно богатсво, кое секако ни од далеку не е за потценување. На оваа работилница, иновативноста беше презентирана со мобилна апликација преку која гостите, туристите  и локалното население ќе може подетално да се запознаат со минатото и историската вредност на црквите, велат од општина Охрид.

Апликацијата беше презентирана од претставници на УИНТ „Св. Апостол Павле“ од Охрид, кои несебично и детално ја презентираа технологијата, начинот на изработка и платформата  за непречено функционирање на мобилната апликација.

Секторот за туризам и локален економски развој го имплементира овој проект со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република  Македонија. Во рамки на проектот до сега беа одржани две работилници на кои учествуваа млади на возраст од 18 до 35 години. Првата работилница беше наменета за дизајнирање и изработка на филиграни и бисери, а втората работилница беше посветена на подготвување и пакување на традиционална храна.

OhridNews