Младите ентузијасти од MaxSoft Games го освоија второто место на традиционалниот четврти по ред Startup Weekend Skopje.

Се работи за 54 часовен маратон, на кој креативните бизнис идеи се претвараат во стартапи, под водство на ментори и експерти од целиот свет, кои имаат искуство со веб и мобилни апликации.

Стекнавме многу искуства и имаме шанса за разговор со инвеститор од Хрватска кој сака да инвестира за да се формира наше студио. Исто така, со освоеното второ место добивме финансиски средства во висина од 4000 евра по лице за школарина и 3000 евра за тимот.  Сакаме да се заблагодариме на Анис Сефиданоски и Ристе Мише за пружената помош, но и на директорот на ОЕУМУЦ „Св. Наум Охридски“, Јане Цаноски, кој не извести за овој настан.“  – велат момците од MaxSoft Games.

Инаку, MaxSoft Games се Давор Зафировски, Даниел Зафировски и Александар Илиевски.

OhridNews