Младите ретко се одлучуваат сами да започнат свој бизнис
01.09.12 00:08
„Голем број од младите луѓе по дипломирањето многу ретко размислуваат за отворање сопствени бизнис и многу од нив се задоволуваат со какво било работно место поради што во последно време немаме толку квалитетни проекти – рече министерот за еконимија, Ваљон Сараќини при посетата на фондацијата претприемачки сервис за млади (ПСМ)
Оваа фондација која ја поддржува реализацијата на почетни бизниси, во петок доби 240.000 денари поддршка за својата работа од Министерството за економија.
– Доколку седнете со некои од младите, од нив можете да слушнете многу идеи, но ретко кој од нив верува оти тие идеи може да прераснат во успешни бизниси. Мислат дека никој не може да ги поддржи“, истакна Сараќини.
Министерот Ваљон Сараќини нагласи дека министерството за економија и понатаму ќе ги поддржува младите кои имаат идеи и бизнис планови, за отварање на сопствени бизниси и во отварањето на нови работни места.
Тој апелираше до сите млади да аплицираат со проекти и да ги искористат парите кои ги доделува Министерството за економија.
Дел од оваа фондација се 22 мали и средни фирми кои од неа добиваат простор за работа, подготовка на бизнис планови, обуки како и финансиска помош за отпочнување на бизнис
Нови 100 амбулантни возила добива Итната медицинска помош во државата, а преговори се водат за уште 50 дополнителни кои треба да се набават во 2027 година Премиерот Христијан Мицкоски на денешното ...
Со богата програма Општина Охрид ќе го одбележи 23 Октомври, празникот што го симболизира стремежот за слобода, самостојност и национално достоинство Од идејата што ја разбуди националната свест, п...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик На катастарска п...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.