Иницијативата за одбрана на младинското учество,  поддржана од 47 младински и граѓански организации организира циклус од 18 јавни дебати во 18 градови во Македонија чија основна цел е да ги поттикне младите директно да ја практикуваат демократијата и самостојно да одлучуваат за своите приоритети.

Дискусиите од дебатите ќе резултираат со Бела книга за поддршка на младите во Македонија, студија која ги дефинира проблемите и предлага решенија и ефективни политики за млади.

Јавната дебата во Струга ќе се одржи денес, со почеток во 12 часот во просториите на Американското катче- Струга, а во Охрид утре, со почеток во 12 часот малата општинска сала на општина Охрид. 

На трибината во Охрид ќе говорат: Надица Таневска (Реактор истражување во Акција), Анета Јовановска (координатор на младинска програма во Црвен крст), Дона Костуранова (претседател на Младински образовен форум), Илхан Рахман (претставник на НВО УФУК)

Како што потенцираат организаторите, говорниците на трибината ќе бидат достапни за прашања пред и по завршување на јавната дебата.

OhridNews