Психолози ,педагози, класни раководители од средните охридски училишта и претставници на Агенцијата за вработување, присуствуваа на промоцијата на проектот на Министерството за труд и социјална политика „ Одбиј работа на црно“.

Целта на проектот  во кој се вклучени и Министерството за образование и наука, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Агенциите за привремени вработувања „ Партнер“ , Вработување лизинг“ и  „ Мотиви“  е да се едуцираат младите потенцијални работници да ги препознаат замките во сивата економија и да се намали процентот на непријавени работници.

OhridNews