Младите се инвентивни, младите се креативни и да, овие млади се упорни, истрајни и гласни. Така и треба. Неколкумина млади охриѓани, музичари, екологисти, волонтери и секако вљубеници во спортот, уметноста и културата, на целта од третата по должина трка на ултра маратонот на планината Галичица „Летница Треил“, истакнаа транспарент со кој ја актуелизираа потребата Охрид да има Младински културен центар.

Охрид имат потреба од МКЦ, затоа што „Културата расте со младите“. – пишуваше на транспарентот кој беше истакнат на целта од 18-километри долгата трка.

„Охрид имат потреба од МКЦ!“

Младите од Охрид во повеќе наврати преку културолошката иницијатива „5 до 12“ и разни јавни настапи го актуелзираат проблемот со немање на соодветен простор каде би можеле да ја насочат креативната енергија во создавање нови видови култура во градот на културата.

Г.М.