Во чест на  одбележувањето на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ , СДММ ја организира традиционалната  акција за чистење на спомениците и обележјата од НОБ.


– Младите од СДСМ се горди на придобивките од  НОБ и антифашистичката борба, за разлика од ВМРО ДПМНЕ кој го потценува, деградира и игнорира овој горд период од нашата историја. Преку ваквите активности го евоцираме и применуваме духот на 11- ти Октомври, односно духот на народот кој не ја прифаќа денешната катастрофална реалност. СДММ не го прифаќа лажниот патриотизам, поделбата на подобни и неподобни како и свесното кочење на Евро – атланските интегративни процеси. Господа од власта, да бевте вистински патриоти немаше да го запоставувате минатото, немаше да ја препишувате историјата. Да бевте вистински патриоти немаше да ја уништите сегашноста. Да бевте вистински патриоти ќе го почитувавте и негувавте минатото и немаше да дозволите да се запуштат и уништат спомениците и обележјата од НОБ. Да бевте вистински патриоти немаше да ја загрозувате демократијата, кршите слободата и правата и да ја изолирате Македонија, изјави претседателот на л.к. на СДММ- Охрид, Александар Ристевски.


.
Младите социјалдемократи со порака дека како во минатото, така и денес борбата за  европска и демократска Македонија продолжува.

OhridNews