Како што информираа од охридскиот клуб на СДММ, преку акцијата сакаат да го демонстрираат нивното незадоволство од новите цени и опаѓањето на животниот стандард.
– ВМРО- ДПМНЕ во изминатите 5 години од своето владеење го донесе сопствениот народ до питачки стап. Денес македонските граѓани во својата држава не можат да сврзат крај со крај. Секој трет граѓанин живее во сиромаштија. Со оваа акција сакавме да ги потсетиме граѓаните за колку се поскапени основните прехранбени производи без кои не може да се опстои, велат младите социјалдемократи.
Тие испратија порака до премиерот Груевски и до неговите соработници да слезат меѓу народот и да ги посетат ваквите штандови кои деновиве се организираат во сите градови низ земјава и самите да се уверат како народот преживува.