Луѓето едвај сврзуваат крај со крај од почетокот до крајот на месецот. Тие сакаат економски и финансиски силна Македонија, а не изолација и споменици, кои ја враќаат земјата во стегите на минатото, кога се стремиме кон европски интегрирана, стабилна и безбедна држава, рекоа младите социјалдемократи. “Груевски ќе ги изгуби изборите затоа што сакам да живеам во иднина, а не во минато. Затоа што за Македонија се работи. Затоа што од нас зависи”, беа само дел од пораките испишани на трите паноа поставени на плоштадот.
Охридската беше дел од акцијата на подмладоците на СДСМ која се одвиваше во повеќе градови во државата, од каде младите опозиционери порачаа дека на 5-ти јуни ќе заврши владеењето на премиерот Груевски и ВМРО ДПМНЕ.