-Младите стружани рекоа дека ќе влијаат врз своите врсници, професори и родители да ги почитуваат разликите кои произлегуваат од етничката припадност, културната определба и социјалниот статус. Порачаа дека нема да дозволат надворешни влијанија да го нарушат традиционалниот соживот во Струга и побараа од институциите и политичките партии да им помогнат заедно да ја промовираат интеграцијата, вели Бранкица Затаракоска Кукунеш, од
Младинскиот образовен форум, кој беше еден од организаторите на трибината.
Таа објасни дека учесниците на трибината се согласиле дека Стратегијата за интергрирано образование треба да почне да се спроведува интензивно и доследно и побараа државата да создаде платформа и услови за непречено заедничко функционирање на младите, без оглед на нивните различности.
Оваа трибина беше дел од проектот Локална младинска иницијатива, кој здружува млади од различни етнички и културни заедници околу заедничко решавање на локалните и националните младински проблеми.
Освен Младинскито образовен форум, во организација на оваа трибина беа вклучени и членовите на Локалната младинска иницијатива – Струга.