Денеска на градскиот плоштад во Охрид, младите волонтери од Црвениот крст танцуваа на песната „Happy“ од Фарел Вилијамс, во рамките на обележувањето на Неделата на ЦКА ПХВ – Црвен крст во акција- промоција на хумани вредности.

Минатите две години оваа недела помеѓу 21 и 27 септември се одбележа со хуманитарни претстави на национално ниво, а годинава се одлучивме да биде нешто поразлично и испратиме сите заедно порака за мир толеранција и меѓусебно разбирање.“ – велат од Црвениот крст Охрид.

Програмата промоција на хумани вредности ги учи младите на култура, на дијалог, изработка на мали, но значајни проекти за заедницата, односно подобрување на квалитетот на живот.

Инаку, настанот се одржа на плоштадите во 34 градови од земјава каде има канцеларија на Црвениот крст.

OhridNews