Учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ ќе се погрижат за подготовка на рибната чорба за Денот на рибарите, кој ќе се одржи утре напладне кај Сараиште, по повод празникот Свети Јован Крстител.
За подготовка на пачата, која исто како и чорбата бесплатно ќе се дели на посетителите, ќе се погрижат студентите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.
Освен традиционалните специјалитети, на Сараиште ќе служи и греана ракија и вино, а присутните ќе може да уживаат звуците на староградските песни, во интерпретација на охридската група „Билјана Јуниор“.
На овој ден тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.
OhridNews