Денеска во Извидничкиот камп во Охрид, како дел од програмата на традиционалната летна академија на Младинскиот образовен форум, ќе се оддржи дискусија на тема „Искуства од прва рака: активизмот во македонски услови“.

Учество ќе земат претставници од невладините организации на МОФ, ХЕРА, „Го сакам ГТЦ“, „Заедни за мир“ и „АМАН“.

Оваа година дел од традиционалната летна Академија на МОФ се седумдесеттина учесници од цела Македонија, а темата е „Граѓански и политички права и слободи“.

OhridNews

фото: „РадиоМОФ“