Младите во Македонија стануваат сексуално активни на 13 години
23.06.09 11:15
Сексот во Македонија и натаму е табу тема. Комуникацијата помеѓу родителите и децата сеуште е испреплетена со срамови, а неинформираноста е сериозен проблем на младите кои во сексуални односи најчесто влегуваат несвесни за можните опасности. Истражувањата покажале дека долната граница кога младите во Македонија стануваат сексуално активни се спуштила на 13 години, што според експертите се должи на несоодветната едуцираност.
– Денеска младите добиваат безбројни информации од електронските медиуми, весници, интернет, пријатели, но најмалку од училиштето. Младите треба да добијат релевантни информации за сексуалното и репродуктивно здравје, а тоа најдобро ќе биде доколку ги добиваат континуирано преку училиштата со целокупни програми и тоа ќе бидат точни и прецизни информации врз кои младите ќе можат да носат правилни одлуки, вели Александра Вучковска од невладината ХЕРА.
Во недостиг на формално сексуално образование едукацијата за сексуалното здравје се сведува на кампањи на невладините организации, кои главниот акцент го ставаат на превенцијата. Една од нив реализира невладината „Млади за млади“.
– Најважна е контрацепцијата. Пред нешто да се случи, несакана бременост па после девојката да абортира, добро е да знаат младите дека можат да се заштитат и затоа ние апелираме до нив да користат средства за котрацепција, вели Мики Трајковски од НВО „Млади за млади“.
Претставници на невладини организации, на подмладоците на политичките партии, и на медиумите изминатиот викенд во Охрид работеа на изготвување декларација за заштита на сексуалните права на младите во Република Македонија, со која се бара соодветна институционализирана сексуална едукација.
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана Посочуваат дека во правно лице во Скопје пронајдени ...
Претставата „Генијална идеја“ на Народен театар Охрид по текст на повеќе автори, а во драматургија и режија на Ненад Витанов, ќе биде одиграна во петок 13022026 година со почеток во 20 часот Во ова...
Како дополнување на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување со отпад започнува примарна селекција во Хорека индустријата (хотели, ресторани, кафулиња) во Охрид...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.