Сивата економија и недостигот на млад квалификуван кадар се уште се најголемите проблеми на македонските занаетчии, од кои голем број работат на црно, беше изнесено на годишното Собрание на Балканската канцеларија за мало стопанство и занаетчиство. На собранието беше истакнато дека интересот генерално е насочен кон занаетите кои носат профит. Младите повеќе се определуваат за модерните и техничките занимања отколку за традиционалните занаети. Предничат фризерството и мехатрониката во автоструката што подразбира спој на механика, електроника, информациска техонологија и компјутери.

Од владата потенцираат дека со поедноставување на административните постапки за занаетчиите или т.н. регулаторна гилотина, програмата за самовработување и континуираниот дијалог ќе се придонесе кон развој на занаетчиството.

Оваа година има две мерки за поддршка на занаетчиството, субвенционирање автентични програми и занаетчиско производство, за што се проектирани 1,4 милиони денари. Креирана е и мерка за поддршка на фамилијарните земјоделства и неземјоделски дејности, како и финансиска поддршка за правни субјекти за отворање нови работни места во мали и средни претпријатија, занаетчии од мал обем, за кои во 2013-та беа издвоени 1,4 милиони денари.

Во Македонија се регистрирани преку 300 занаетчиски дејности, а бројот на активни занаетчии е околу 7.000.

OhridNews