Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) во најновиот извештај предупреди дека и покрај проблемите што кризата во еврозоната ги предизвика, најлошото допрва доаѓа, пренесува „Макфакс“.

Заради големиот шок во регионот, еврозоната би можела да загуби пет отсто од економскиот производ, САД два отсто, додека јапонската економија би паднала за повеќе од еден отсто. Со слаб раст, овие економии повторно би се лизнале во рецесија, потенцираат од ММФ.

Во ММФ сметаат дека до таков шок би можел да доведе до раст на каматите на обврзниците ширум еврозоната, падот на побарувачката и промените во вредноста на имотот. ММФ смета дека сè уште не е доволно направено за да се реши кризата во еврозоната.

Во Европа бараат промена на политиката со итно движење кон банкарска унија, фискална интеграција, постепена фискална консолидација и монетарно прилагодување, пишува Гардијан.

OhridNews
извор:„Макфакс“