
“Окото на Охрид“ како што го нарекуваат хотелот инвеститорите, ќе се протега на површина од 15.000 метри кваддратни и ќе има капацитет од 500 гости. Планирано е да се гради две години, а вкупната вредност на инвестицијата се проценува на 33 милиони долари. Инвеститорите тврдат дека просторот на кој треба да се гради хотелот, е во сопственост на фирмата “Трудбеник“, од каде најавуваат дека дека во регуларна законска постапка ќе ги разрешат имотно правните односи со државата.

– Право на купување на земјиштето единствено има “Трудбеник“ затоа што има трајна локација на тој простор за дел од површината, има трајно корисничко право што дава можност по законски утврдената цена да го докупи преостанатото земјиште заради дооформување на локацијата, рече Спироски.
Наспроти ставот на Спироски, од Министерството за транспорт и врски велат дека локацијата на која се планира изградба на елитен хотел кај Билјанини извори е државен имот:

Дилеми околку сопственоста на земјиштето има и во локалната самоуправа. Градоначалникот Александар Петрески, вели дека сеуште до крај не се регулирани односите околу сопственоста над земјиштето, поради што може да се изјалови најавената инвестиција.

Според него проблемот кој се наметнува со сопственоста на земјиштето кај каналот Студенчишта уште еднаш потврдува дека со градежното земјиште треба да располагаат општините, а не државата.
– Сопственик на земјиштетот во Охрид треба да биде општината за да не доаѓа до вакви работи. Ние сега можеме да се доведеме во ситуација да имаме инвеститор, а да не може да се реализира инвестицијата, истакнува Петрески. Тој посочи дека општината ја поддржува и иницијативата на Министерството за транспорт што го дава земјиштето за изградба на хотел, како и иницијативата на „Трудбеник“ кој носи инвеститор. Чие е тоа земјиште не можам да навлегувам затоа што тоа не е во домен на општината, туку тоа е во надлежност на Владата, додаде Петрески.

Ќе прогледа ли окото на Охрид?
Општината се надева дека брзо ќе бидат разрешени имотно правните односи кои ја оптоваруваат изградбата на елитниот хотел кај каналот Студенчишта и дека ќе се реализира најавената инвестиција, што на градот само од комуналии ќе му донесе прилив од 6 милиони долари.












