Многу живи свирки и одлична забава ги очекува охриѓани и нивните гости во текот на престојниот продолжен викенд во Охрид.
Празничната забава стартува вечерва со настап на Бени и „Нон Стоп“ во „Kadmo Bar“ со почеток во 22:30 часот. Со почеток во 22 часот вечерва во „Cuba Libre beach & bar“ ќе има жива свирка на „The Quartet“ feat. Goran Papaz.
Исто така вечерва со почеток во 22:30 часот во коктел-барот „Хемингвеј“ ќе настапи струшката група „Али, Оли и Денвер“.
Во сабота љубителите на добрата дневна журка ќе може да бидат дел од „After Beach Party“ во „Kadmo Beach & club“ за која ќе се погрижат Dj Babura и најдобрите танчерки од Србија, а стартот на забавата е во 17:30 часот. Во истиот клуб утревечер со почеток во 23 часот ќе се организира „Adriatik Party“ со Johnny live. За саботната забава во „Kadmo Bar“ која започнува во 22:30 ќе биде задолжен Dj Babura.
Утревечер, гостите во „Cuba Libre beach & bar“ ќе уживаат во настапот на „Belicanska Quartet“ со почеток во 22 часот, а саботна забава ќе има и во „Shilla cofee & bar“ каде настапуваат „The Hounds live“ со почеток во 22:30. Исто така и коктел-барот „Хемингвеј“ организира саботна забава за која ќе се погрижи Dj Jovan со најновите денс хитови.
Во недела на 24-ти мај „Kadmo Beach & club“ ќе оргнизира уште една дневна забава со почеток во 17:30 за која ќе се погрижат најдобрите танчерки од Србија и Dj Јane. Во истиот клуб во недела навечер со почеток во 23 часот ќе се организира „Adriatik Party“ со Јоце Панов. За неделната забава во „Kadmo Bar“ која започнува во 22:30 ќе биде задолжен Тони Зен кој ќе приреди незаборавна Хип хоп журка.
Љубителите на живите свирки ќе може да уживаат во настапот на групата „Shine“ во „Cuba Libre beach & bar“ кој ќе се одржи во недела навечер со почеток во 22 часот.
Во текот на сите три вечери од продолжениот викенд во лаунџ барот „Кадмо“ се организира староградска забава со групата „Канео“.
За детали за овие и другите забави во Охрид овој викенд, како и за забавните настани кои се случуваат секојдневно, може да се информирате во рубриката „ШТО, КОГА, КАДЕ“ на најчитаниот интернет портал во регионот OhridNews.
OhridNews