Министерството за надворешни работи вчера соопшти дека најстрого го осудува вандалскиот чин, кој се случи во Охрид, а со кој е искршена таблата на неодамна отворениот бугарски клуб.

Од МНР потсетуваат дека според Уставот, и според долгогодишната пракса во земјава, сите граѓани на Република Северна Македонија имаат еднаква слобода на здружување заради остварување на нивните права и уверувања. Од МНР ги повикуваат сите надлежни институции да преземат соодветни мерки за овозможување на непречено исполнување на сите со Устав и закон загарантирани човечки и граѓански права и слободи.

Истовремено, го повторуваме апелот и до сите граѓани и здруженија на граѓани за зрело и одговорно однесување со почит кон правата и слободите на другите, напоменувајќи дека мултиетничкиот карактер на нашата држава е една од темелните вредности на уставниот поредок, кое претставува право и обврска за секој од нас, посочуваат од МНР.

OhridNews