Македонското министерство за надворешни работи информира дека во земјотресите кои денес се случија во централниот дел на Италија, според податоците на амбасадата на Република Македонија во Рим, во моментов нема информации за повредени граѓани. Воочени се само поголеми материјални штети.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.
OhridNews