Министерството за надворешни работи на Република Македонија известува дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Генералениот конзулат во Истанбул.

-Ги известуваме сите македонски граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации, стои во соопштението од МНР.

Во него се појаснува дека за сите прашања поврзани со безбедноста на македонските државјани кои во моментот се наоѓаат во Турција, граѓаните може да се обратат на отворените телефони во македoнските дипломатско-конзуларни претставништва во Анкара и Истанбул или во Министерството за надворешни работи.

Амбасада на Република Македонија во Анкара
Мобилни телефони: +905383130343; +905385466691
Телефон: + 903 12 439 92 08
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Karaca sokak 24/5-6 Gaziosmanpasha Ankara

Генерален конзулат на Република Македонија во Истанбул
Мобилен телефон: +90 535 545 80 41
Телефони: T: + 90 212 249 99 77; + 90 212 251 22 33
Е-пошта: [email protected]
Адреса: Inönü Cad., Üçler Apt. No: 12 D 4, Gümüşsuyu, Taksim, İstanbul

OhridNews