Инциденти од овој карактер, како што велат од МНР, не одат во прилог на одличните добрососедски односи меѓу Македонија и Косово.
„Сметаме дека косовските власти треба да превземат најостри санкции кон сторителите на овој инцидент, како и соодветни мерки за избегнување на евентуални инциденти од ваков карактер“, соопштуваат од МНР.
Оттаму информираат и дека се превземаат соодветни дипломатски активности со цел избегнување на вакви инциденти.
Покрај палењето на знамето, настапот на младинската ракометна репрезентација беше проследен со навредливи транспаренти кон Македонија.