Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека за утре е потврдена евакуација на четири лица, односно едно семејство (мајка и три деца). Местата се обезбедени преку израелското министерството за транспорт на Израел, во рамки на организираните летови кои се користат за евакуација на странски државјани од Израел. Летот е планиран од Тел Авив до Атина.

Согласно оваа, како и претходната евакуација реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 23 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 25. Меѓутоа, не сите изразиле подготвеност тоа да го направат веднаш. Се очекува следните денови дополнителен број на наши државјани да добијат можност за евакуација од Израел, посочуваат од Министерството.

Министерството, велат, преку Амбасадата во Тел Авив останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани сè до нивната безбедна евакуација.

Воедно ги посочуваат броевите на кои граѓаните можат да се обратат:

‪+389 75 273 732 / ‪+389 75 268 736

или на дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:

‪+972 54 500 8566 / +972 54 967 054

Апелираме до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена, додаваат од Министерството.

OhridNews