Македонската опера и балет, викендов во Охрид, ќе гостува со детската претстава „Јованче и Марика“. Претставата е опера за деца во три чина.
Операта е на текст на Енгелберт Хампердинк, а либретото е напишано во 19- тиот век од страна на Аделхејд Вет и се базира на приказната од браќата Грим „Ивица и Марица“.
Дирегент е Бисера Чадловска, а режисер Нина Најденова од Бугарија. Сценографијата е на Борислав Стајнов од Бугарија, а костимите ги изработи Марија Пупучевска, кореограф е Олга Панго.
Операта ќе се прикажува во недела на 27- ми февруари во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 16 часот.











