Заинтересираноста кај охриѓанки за зачленување во женскиот ракометен клуб беше голема. Тренинзите се одвиваат препладне и попладне три пати неделно, а ракометарките се поделени во пет категории.
– Изненадени бевме од големиот интерес. Голем дел од пријавените се појавија на првиот тренинг. Тие ќе работат под наша контрола и полека ќе ги сознаваат тајните на ракометот – истакна Јованка Цветаноска.
Покрај големиот број пријавени од ракометниот клуб “Моби Дик 2012“ повикуаат дека вратите се отворени за сите заинтересирани охриѓанки.