Синоќа во 22:20 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид, во рамки на активности во врска со недозволена трговија со дрога, при преглед на лице од Прилеп (43) во Љубаништа пронашле повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.
Лицето било лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
OhridNews











