На 22.09.2026 во 15:45 часот во близина на село Мали Влај, струшко, Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад- Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лиши од слобода 40-годишно лице, затоа што при преглед кај него е пронајдена марихуана, информираат од МВР.

Посочуваат дека известен е јавен обвинител од ОЈО Струга и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews