На подрачјето на град Охрид во текот на изминатата недела полицијата регистрирала две кривични дела „Тешка кражба“ 16 кривични дела „Кражба“, 4 КД „Оштетување“ и 4 КД „Одземање на моторни возила“. И понатаму во најголемиот дел, предмет на кражбите се мобилни телефони оставени од граѓаните необезбедени на плажите или во угостителските објекти. Јавниот ред и мир е нарушен во 5 случаи а евидентирани се 14 сообраќајни незгоди во кои е предизвикана помала материјална штета.
На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се едно кривично дело „Тешка кражба “ две КД „Кражба“ едно КД „Тешка кражба во обид“ и едно КД „Оштетување“. Евидентирани се три нарушувања на Јавниот ред и мир. Во истиот период случени се пет сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.












