Заавршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедскaта патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“, објави градоначалникот Константин Георгиески.

Беше извршено поплочување на пешачката патека со бехатон и се изврши асфалтирање на велосипедската патека. Исто така во рамки на реконструкцијата, беше извршена замена на стариот дрворед со нови соодветни садници и извршено е соодветно хортикултурно уредување. – истакна Градоначалникот.

Реконструкцијата на тротоарот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Според планираното, во текот на наредниот период ќе биде извршено и уредување на тротоарот на булеварот „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“.

OhridNews