„Мојата прва средба со физиката“ беше насловен училишниот настан која деновиве се одржа во ОУ„ Христо  Узунов“. Оваа активност ја реализираа учениците од осмите одделенија под менторство на наставничката  по физика  Вера Зороска.

-Учениците на специфичен, оригинален и несекојдневен начин ги претставија своите знаења и вештини стекнати на часовите по предметот физика. Имено, пред очите на многубројната публика, учениците експериментираа, презентираа и глумеа и симулираа ситуации од секојдневниот живот поврзани со физичките закони, информираа од училиштето.

Оттаму нагласуваат дека освен учениците, на настанот присуствувале и голем број родители.

OhridNews