– Фергусон ме покани во својата куќа кога јас со мојата сопруга бев излезен. Неможев да ја одбијам таа понуда иако бев облечен како за на плажа, а не за да се сретнам со мојот идол. Фергусон ми рече дека ова што ќе ми го кажи можам да го споделам само со мојата сопруга и никој друг. Јас и кажав на мојата сопруга дека сум нов менаџер на Јунајтед и неможам да ви повторам што зборуваше таа тогаш – раскажува Мојс.
Сер Алекс Фергусон на клупата од Манчестер Јунајтед беше повеќе од 26 години. Тој стана еден од најдобрите менаџери во светот, а Мојс ќе има и тоа каква тешка задача да го замени „стариот лисец, кој ги издигна „црвените ѓаволи“ високо во фудбалските височини.