Уругваецот Гилермо Варела е првиот фудбалер, кој го донесе Дејвид Мојс на „Олд Трафорд“ по презамањето на менаџерската функција.

20-годишниот фудбалер игра позицијата стопер, а минатата сезона одлично ги поминал тестовите во Манчестер Јунајтед.

Висината на оштетата за трансферот на Варела од Пењарол на „Олд Трафорд“ изнесува околу 2 милиони евра.

По ангажирањето на младиот дефанзивец, следна цел на шкотскиот стратег е фудбалерот на Барселона, Цекс Фабрегас.

Мх.П.