Фудбалерот на Барселона, Цеск Фабрегас е првата желба на новиот менаџер на Манчестер Јунајтд, Дејвид Мојс.

Наследникот на Сер Алекс Фергусон, Мојс со доведувањето на Цеск Фабрегас ќе ја засили средината на Олд Трафорд која стана ровита по пензионирањето на Пол Сколс и долгото отсуство на Дарен Флечер.

Најголем удел во реализиција на трансферот ќе има Робин ван Перси, кој заедно со Фабрегас ги бранеа боите на Арсенал.

25 милиони фунти изнесува сумата која новиот првак во Премиер лигата ќе ја испрати до Барселона.

Мх.П.