Искусните Рио Фердинанд, Патрис Евра, капитенот Немања Видиќ и помладите Чичарито, Андерс Линдегард, Битнер и Андерсон се најдоа на листата фудбалери кои ќе го напуштат Олд Трафорд по завршувањето на сезоната, а можеби побрзо.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс вината за очајните резултати во првата сезона за него ги гледа во фудбалерите и тоа во искусните.

Токму на искусните фудбалери Сер Алекс Фергусон ја градеше својата шампионска палата, која беше огромна и немаше крај се додека не замина во пензија.

Наспроти него, Мојс не им верува на „старешините“ и ги сврсти на трансфер листата, а освен Чичарито нема кој да ја наполни касата на Јунајтед кои ќе помогнат за доведување на нови имиња.

За нови фудбалери Мојс сеуште се нема изјаснато, но следното лето ќе биде бурно на Олд Трафорд бидејќи ќе има на располагање големо количество на финансии за засилувања.

Мх.П.