Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс е пред излезни врати од Олд Трафорд пренесуваат британските медиуми.

Да бидат сега за сега шпекулациите погласни се погрижи клубот, кој сеуште се нема изјаснато за најновите пишувања во медиумите.

Пред почетокот од сезоната Мојс го замени „вечниот“ Сер Алекс Фергусон, но помладиот Шкотланѓанец не се снајде најдобро на клупата од „црвените ѓаволи“.

Покрај шампионската титулата, Манчестер Јунајтед остана и без пласман во Лигата на Шампиони што беше незамисливо додека беше Фергусон на чело.

Мх.П.