Дејвид Мојс на првата пресконференција како менаџер на Манчестер Јунајтед стави точка на сагата околу Вејн Руни. Англинскиот репрезентативец останува на „Олд Трафорд“ до крајот на својот договор со можност за продолжување.

– Вејн Руни не е за продавање, тој е фудбалер на Манчестер Јунајтед и во иднина така и ќе остане. Јас гледам светлина во неговите очи, тој е среќен тука и подготвен за новите предизвици следната сезона – рече Мојс.

Наследникот на Сер Алекс Фергусон, Мојс ја доби првата а можеби и клучната битка во неговата ера на клупата од Јунајтед. Тој истакна дека местото помошник тренер кое му додели на Фил Невил му го понудил на Пол Сколс, кој го одбил.

Следната сезона на Мојс од клупата ќе му помага Фил Невил, а за прв пат во Јунајтед и Рајан Гигс ќе ја има улогата за помошник тренер.

– Немам многу големо искуство во Европа, но моја најголема сатисфкација е дека токму Сер Алекс Фергусон ме назначи за нов менаџер на Манчестер Јунајтед – потенцираше Мојс.

Мх.П.