Иако Дејви Мојс со работа во Манчестер Јунајтед требаше да започне на 1 јули, тој стартуваше месец и пол порано.


Мојс на стартот од својот шестгодишен договор со Јунајтед ќе ја има најтешката задача да го задржи незадоволниот Вејн Руни, кој пред завршување на сезоната побара трансфер од Олд Трафорд.

Екс менаџерот на Евертон заедно со Сер Алекс Фергусон и Рајан Гигс имаа состанок, на кој Руни бил главна тема и прв проблем, кој треба да се реши пред почетокот на новата сезона.

Се повеќе се шпекулира дека прв ангажман на Мојс ќе биде фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл, а “ѓаволите“ за него ќе искешираат 60 милиони евра.

Мх.П.