Манчестер Јунајтед со победата над Вест Хем 3-1 „врза“ две победи во Премиер лигата и прокнижи шест бодови на табелата. Менаџерот на „бебињата“, Дејвид Мојс се надева дека за престојните натпревари во Премиер лигата на располагање ќе ги има повредените Робин ван Перси и Мајкл Карик.
– Секогаш постојат чуда за Божиќ. Се надеваме дека и ние ќе го имаме тоа чудо во Ван Перси или во Керик и нивното брзо враќање на терените. Тие ние важни алки во екипата затоа нивното присуство на терените е од витално значање – рече Мојс.
Покрај Ван Перси и Карик на листата на повредени играчи неодамна е и Мароуане Фелаини, кој ќе биде во аут шест седмици.
В четврток актуелниот првак во најсилната англиска лига гостува кај тимот на Хул, кој има три реми во серија.
Мх.П.