Сојузот на училишен спорт и градот Охрид беа домаќини на осмите по ред средношколски спортски игри. „Гимназијадата“ во Охрид ги донесе сите македонски спортски вредности во голем и мал фудбал, атлетика, кошарка, ракомет и одбојка, но главен акцент беше ставено на дружењето.
– Дружењето меѓу дечињата е најбитно и најважно. На овие манифестации тоа е и суштинската цел бидејќи ќе си отварат нови пријателства и нови хоризонти – рече амбасадорот на игрите, Наумче Мојсоски.
На организациски план охриѓани добиваат само пофални зборови, а натпреварите во трите дена и другото минаа без ниту една забелешка.
– Организицијата беше на феномонално ниво и се ме потсетуваше на Олимпијада, а не, на игри каде се натпреваруваат средношколци. Организаторите внимавале на секој детал и затоа имаше полни трибини, добри натпревари и многу радост кај учесниците – рече Мојсоски.
И Мојсоски е биден дел од игри со ваков карактер и тоа пред повеќе од 15 години.
– Сигурно се поминати 15 години. Домаќин беше Велес, а таму моето училиште победи во ракомет. Голем дел од сегашните ракометари биле дел од тоа натпреварување. Овие манифестации мора да се негуваат и целосно поддржуваат бидејќи нема успешен спортист во Македонија кој не поминал низ овие игри – се присети Мојсоски.
Пред очите на капитенот на Металург и член на македонската репрезентација учесниците на „Гимназијадата“ ги покажуваа своите вештини, а покрај тоа Мојсоски беше вистинско изненадување за сите присутни.
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.