Лидерот на Македонскиот првак Металург, Наумче Мојсоски одигра солидно во победата на Македонија над Катар. Левиот бек постигна шест погодоци и полека влегува во препознатливата форма. Мојсоски потенцираше дека репрезентацијата немала решение за одбраната 3-3 и дека токму таа била причина за падот во играта.

– Таа е дива одбрана. Никој до поголемите репрезентации не практикува да игра таква одбрана бидејќи констатно се бркаш по теренот. Во првиот дел ракометарите на Катар играа 5-1 и лесно го пронаоѓавме патот до нивната мрежа – потенцираше Мојсоски.

Со двете победи во воведните два натпревари Македонија го обезбеди пласманот во 1/8 финалето. За полесен противник во 1/8 финалето “црвено жолтите“ мораат да триумфираа на уште некој од преостанатите три мечеви против Исланд, Русија и Данска.

– Сега со право можам да кажам дека планираме и меркаме уште некоја победа во групата. Пред нас престојат натпревари со познати противници и можеме да уживаме во натпреварувањето со нив – заврши Мојсоски.

Мх.П.