Членот на македонската репрезентација и на Металург, Наумче Мојсоски успешно се рехабилитира од повредата на вкрстените лигаменти од коленото.

Ваков вид на повреди бараат долга рехабилитација која трае околу шест месеци. Стружанецот се повреди на мечот со Вардар во СЕХА лигата, кој беше последен за 2013 година и го пропушти Европското првенство во Данска.

Тој се рехабилитира во Даруварске Топлице, Хрватска и се е подобар, а според докторите, Мојсоски пак ќе биде оној стариот кога ќе се врати на терените.

Мх.П.