Дефанзивецот на Војводина Даниел Мојсов и после преспиената ноќ не може да се начуди како во двете спорни ситуации  во кои тој беше актер завршија беа донесени одлуки контра него.


– Што се однесува до пеналот на Партизан , Тјего ја турна топката во празно во намера да освои простор, кога забележа дека топката му бега се удри во моето тело, јас ги подигнав рацете во знак дека на сакам контакт. Тука немаше пенал.

При поништениот гол беше во конаткт со Савиќ .  – Ме држеше со раката за дресот. Немав никаква потреба да го фаулирам, бидејќи имав добра позиција за да стигнам до топката. Така и го дадов голот, но судијата на мое изненадување го поништи – обајснува Мојсов.